Ракометарите на Тиквеш ја минаа првата Куп пречка, откако пред својата публика забележаа триумф над незгодниот Еурофарм Пелистер 2 со 26:23.
Освен воведниот дел, во кој избраниците на Петревски водеа со 2:0, сѐ останато помина во знакот на кавадарчани, кои до последната минута имаа предност.
Составот предводен од Стојановиќ на пауза замина со 17:12 и стекнатата предност од првото полувреме успешно ја одржаа во најголемиот дел од вторите 30 минути.
Битолчани во последните десет минути успеаја да се заканат доближувајќи се на минус два, но поискусната екипа не дозволи да има било какво изненадување.
Тиквеш во финалето од првата група ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Прилеп и Мулти Есенс.
Најефикасен во победничката екипа беше Спасоје Гачевиќ со шест погодоци, по четири постигнаа Срџан Мијатовиќ и Мартин Манасков.
Кај Еурофарм Пелистер 2 прво име беше босанскиот интернационалец Алем Хаџиќ со седум реализации, четири постигна Ненад Белистојаноски.
Куп на Македонија, мажи, распоред:
група 1 (Кавадарци)
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 23:26
23/3, 14:00, Прилеп – Мулти Есенс
23/3, 18:00, Тиквеш – Прилеп/Мулти Есенс
група 2 (Скопје)
23/3, 14:30, Бутел Скопје – Струга
23/3, 18:00, Алкалоид – Вардар Неготино
24/3, 18:00, Бутел Скопје/Струга – Алкалоид/Вардар Неготино
група 3 (нема организатор)
Пролет – Голден Арт 22:32
23/3, 18:00, Радовиш – Вардар
24/3, Голден Арт – Радовиш/Вардар
група 4 (Охрид)
Охрид – Скопје 40-24
23/3, 12:30, Еурофарм Пелистер – Куманово
23/3, 19:30, Охрид – Еурофарм Пелистер/Куманово