ЅВЕЗДА НА 17. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ЈАНА РАВОЈСКА (СКОПЈЕ)

Ракометарката на Скопје, Јана Равојска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 17. коло во Женската лига.

За Равојска ова е прво МВП признание, додека за нејзиниот клуб второ признание, во првиот дел од сезоната најкорисен играч на 6. коло беше нејзината колешка Нина Неделковска.

Левото крило на натпреварот во Струга кај Стружанка одигра на ниво, постигна седум погодоци и беше меѓу најзаслужните за обезбедениот триумф.

Членката на Скопје доби околу 66% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласираната Марија Анчева од Астибо имаше 32%

Во конкуренција за ѕвезда на 17. коло беше и голманката на Металург Автокоманда, Амра Ијлаз.