Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, загуби кај Вакер Тун со минимални 26-25.
Во натпреварот од 26 коло од швајцарскиот шампионат, Цирих водеше на полувремето со 14-11, но но крајот беше поразен.
Поповски беше најдобар стрелец во тимот на Цирих, и успеа да постигне четири погодоци во противничката мрежа.
Цирих е сега на третото место со 33 бода, а во последното коло пред стартот на плеј-офот ќе се сретне со Сент Гален.