Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата македонски интернационалци Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, беше елиминиран во Кралскиот Куп на Шпанија.
Ваљадолид, кој минатата сезона стигна до полуфиналето, оваа сезона го заврши натпреварувањето во осминафиналето со пораз кај Сиудад Реал со 43-41.
Овој натпревар не беше решен во регуларниот дел кој заврши 34-34, па се играа продолженија два пати по пет минути, кои ги доби домашниот тим.
Димитриоски погоди еднаш против Сиудад Реал, додека Димитриевски два пати се запиша во листата на стрелците.