Актуелниот шампион Ѓорче Петров по елиминацијата во Европскиот Куп денеска им се врати на домашните обврски.
Ѓорчепетровки во натпревар од 17. коло од Женската лига на гостувањето во Кисела Вода кај Спартак без проблеми триумфираа со 49:18 (28:8).
Најефикасна во победничката екипа беше Талида Алмеида со девет погодоци, седум постигна Емилијана Ризоска, по шест запишаа Ева Божиновска и Мила Ѓорѓиевска.
Кај Спартак најефикасни беа Ангела Гроздановска и Зорица Андовска, двете ракометарки постигнаа по пет погодоци.
За избраничките на Симе Симовски ова беше 16-ти сезонски триумф и со денешната победа си го зголемија бодовното салдо.
Ѓорче Петров сега на табелата има 49 бодови, зад него се Металург Автокоманда и Чаир, двете екипи имаат по 43 бодови.
Претстојниот викенд ќе се одиграат натпреварите од Купот на Македонија, потоа на 29/30 март ќе бидат натпреварите од 18. коло.