Вардарки немаа милост за „фенерџијата“ – постигнаа 48 гола!

Ракометарките на Вардар ја продолжи низата на победи на три по ред, откако на свој терен без проблеми триумфираа над „фенерџијата“ со 48:11.

Десетина минута им беа потребни на домаќинките да ги постават работите на своето место во дуелот со последнопласираната екипа на табелата – Гевгелија.

Како фурија делуваа „црвено-црните“ во првото полувреме, во кое постигнаа 27 погодоци, а примија само четири.

Голема заслуга за убедливата предност на домаќинките во првото полувреме беше цврстата одбрана и ефикасната реализација.

Вардарки како да се задоволија со убедливата предност во првиот дел, па рутински ги одработија вторите 30 минути, во кои гостинките повторно немаа идеја како да дојдат до погодок.

Најефикасни во победничката екипа со по осум погодоци беа Симона Василева и Борјана Коцева, по пет постигнаа Ивона Трпевска, Леона Миленковска и Бојана Коцева.

Во поразениот табор прво име беше Билјана Кадиева со четири погодоци, три додаде Симона Динева.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080