Деспина пропушти шанса за сензација, вицепрвакот едвај победи во Прилеп!

Екипата на Деспина за малку ќе направеше голема сензација во Женската лига против Куманово, но вицепрвакот во последната минута ги освои бодовите и си заминаа победнички од Прилеп.

Прилепчанки, кои се наоѓаат на средината на табелата, до последниот судиски свиреж рамо до рамо се носеа со гостинките. Деспина речиси во текот на целиот натпревар имаше контрола на резултат, но за исходот од неизвесниот дуел одлучуваше еден шут.

Деспина на полувреме замина со 12:10, во вториот дел имаше фуриозен налет кога се одлепи на 15:10 и предноста од плус пет ја одржуваше до 40 минута. По предноста на домаќинот од 21:19, следуваше серија од 3:0 на Куманово, кој на речиси десет минути пред крајот ја презеде предноста, поведе со 22:21.

Домаќинките не се предаваа, израмнија на 22:22, беше и 23:23, а Куманово победничкиот гол го постигна во 59 минута. Избраничките на Илиески имаа шанса да се изборат за бод, но шутот на Гичева заврши во голманката Грујовска.

Токму оваа ситуација предизвика вистински хаос на теренот, судиите Здравковска и Божиновска мораа преку ВАР да гледаат неколку минути дали Гичева треба да биде исклучена, бидејќи нејзиниот удар завршил во главата на Грујовска. Гичева го доби исклучувањето, но Куманово за десет секунди, колку што и останаа, не успеа да реализираа, па така конечниот исход беше 24:23 за вицепрвакот.

Најефикасна во победничката екипа беше Сузана Зечевиќ со девет погодоци, кај Деспина се истакнаа Ангела Камческа со седум и Сања Цветкоска со шест погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ22211064
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2210213