Гол шоу на Босилковска, Пелистер го надигра Овче Поле СУ

Екипата на Пелистер предводена од незапирливата Моника Босилковска се израдува на нова победа во Женската лига, откако на свој терен триумфираше над Овче Поле СУ со 35:31 во натпревар од 17. коло.

Битолчанки со освоената победа си го зголемија бодовното салдо на свое конто, сега имаат 22 бодови, колку што има и шестопласираната Стружанка, која утре пред својата публика ќе го пречека тимот на Скопје.

Иако Пелистер тргна добро, поведе со 8:3, сепак, како одминуваше времето гостинските фаќаа ритам и кон крајот на првиот дел успеаја да се вратат во игра, најпрво израмнија, потоа во неколку наврати водеа, но по 30 минути игра резултатот беше 17:16 за домашниот тим.

Во вториот дел домаќинките беа за нијанса подобри, дополнителен проблем за госитнките беше црвениот картон за Стефанија Павловска, па така Пелистер победата си ја обезбеди во последниот дел од натпревар.

Одличен натпревар одигра Моника Босилковска, запиша 16 погодоци зад своето име, шест додаде Ана Марија Талева, пет реализации имаше Сандра Колевска, по три погодоци постигнаа Анастасија Дамјановска и Кристина Наумовска два додаде Наталија Дишковска.

Кај гостинскиот табор од Свети Николе најефикасна беше Јована Конева со 12 погодоци, кои не беа доволни за поволен резултат на нејзиниот тим, шест погодоци постигна Наталија Манева, четири додаде Елена Вучевска, по три запишаа Стефанија Павловска и Јована Ангеловска, две реализации имаше Анастасија Сентовска, а еднаш во листата на стрелци се запиша Ивана Станчева.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ22211064
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328
9СКОПЈЕ22821226
10СПАРТАК22811325
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.23431615
12АСТИБО22401812
13ШАМПИОН2321207
14ГЕВГЕЛИЈА2210213