Европската ракометна федерација ги официјализираше термините за осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите.
Сите осум натпревари ќе се играат во различни термини, па љубителите на ракометот ќе можат да ги проследат сите.
Најинтересно се очекува да биде на унгарскиот двомеч меѓу Веспрем и ПИК Сегед, на кој тимот на Момир Илиќ ќе ја има предноста на реваншот.
Хрватскиот Загреб, кој оваа сезона одигра над очекувањата, против францускиот Монпелје ќе се обиде да докаже дека добрите игри не биле само краткотраен блесок.
Првите натпревари се играат на 27/28 март, додека реваншите се една недела подоцна.
Лига на шампиони, осминафинале, распоред:
27/03, 18:45, ГОГ Гудме – Келце
27/03, 20:45, Загреб – Монпелје
28/03, 18:45, ПИК Сегед – Веспрем
28/03, 20:45, Висла Плоцк – ПСЖ
03/04, 18:45, Келце – ГОГ Гудме
03/04, 20:45, Монпелје – Загреб
04/04, 18:45, Веспрем – ПИК Сегед
04/04, 20:45, ПСЖ – Висла Плоцк