По Томислав Јагуриновски, Ненад Костески и Павле Атанасијевиќ, уште еден ракометар отпадна од комбинација за двомечот со Романија.
Станува збор за капитенот на шампионот Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, кој се повреди на мечот со Тиквеш од суперлигашкиот плеј-оф.
Дополнителен повик има за Давид Савревски, кој ќе му прати друштво на Никола Стоилевски на десната крилна позиција.
Пријателскиот двомеч со Романија се игра на 15 и 16 март во градот Браила, а ќе биде дел од подготовките за баражот за СП 2025 против Фарски Острови.