Словенечкиот селектор Урош Зорман се соочи со проблеми пред стартот на подготовките за квалификацискиот турнир за Олимписките игри.
Зорман нема да смета на десното крило Гашпер Маргуч и на голманот Миљан Вујовиќ, но и покрај тоа Словенија е добро пополнета на двете позиции.
На десната крилна позиција нема нов играч и таму ќе покриваат Блаж Јанц и Домен Новак, додека на местото на Вујовиќ е повикан нов голман.
Урх Кастелиц од Лемго ќе им прави друштво на Клемен Ферлин и Урбан Лесјак, па Словенија ќе има одлично трио на голот.
Ривали на квалификацискиот турнир во шпанскиот град Гранољерс, покрај домаќинот, на Словенците ќе им бидат Бразил и Бахреин од четврток до недела.