Македонскиот шампион Ѓорче Петров денеска во Шпанија ќе го одигра првиот натпревар против Елче во четвртфиналето од Европскиот Куп.
„Лавиците“ ќе бидат во најсилниот состав на денешната средба, а на терен ќе бидат и четирите засилувања – трите бразилски интернационалки плус Србинката Танасковиќ.
Избраничките на Симе Симовски ќе се обидат да обезбедат поволен резултат пред реваншот, кој ќе се одигра на 17 март во Скопје.
Натпреварот меѓу Елче и Ѓорче Петров ќе започне со почеток од 12:30 часот, а правдата на овој дуел ќе ја делат Романците Дору Манеа и Раду Илиеску.