Тимот на Деспина го запиша шестиот сезонски триумф во Женската лига, откако славеше против Спартак со 27-26.
Прилепчанки отворија со предност од 3-0, но не беа мирни до крајот на натпреварот иако постојано беа во водство.
Домашната предност се движеше од еден до два гола, а Спартак ниту еднаш не успеа да израмни, па на пауза беше 14-12.
Во вториот дел Деспина во повеќе наврати имаше и плус четири, а гостинките во финишот успеаја да намалат на минус еден, но немаше време за нешто повеќе.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Камческа со седум и Цветкоска со шест гола, додека кај Спартак се истакнаа Мемов со седум и Гроздановска со шест погодоци.