Ракометарите на Овче Поле ги освоија бодовите против Кичево, откако во натпревар од 2. коло од плеј-аут фазата во Првата лига триумфираа со 25:19 (14:9)
Домаќините во текот на целиот натпревар беа во предност, освен нерешените 3:3, сѐ друго мина во знакот на победничката екипа.
Кичево, кој во Свети Николе пристигна со само десет ракометари, поради кратката клупа немаше многу опции на располагање.
Најефикасни во тимот на Овче Поле беа Кирил Буровски и Стојанче Ристов со по шест погодоци, додека во поразениот табор прв стрелец беше Стефан Стефаноски, кој исто така имаше шест реализации.