На денешната ракометна програма во Македонија ќе има вкупно 14 натпревари, дел од нив се од суперлигашкиот плеј-оф/аут, четири натпревари се кај дамите и пет натпревари од плеј-оф, односно плеј-аут фазата во прволигашката конкуренција.
Најинтересно се очекува да биде на натпреварот во Кавадарци меѓу Тиквеш и актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер. Кавадарчани на овој натпревар ќе настапат без повредениот Страхиња Симиќ, но и битолчани ќе бидат ослабени, поради повреда нема да играат Ненад Костески и Павле Атанасијевиќ.
Амбициозниот тим на Охрид, кој во претходното коло го совлада вицепрвакот, ќе гостува во Скопје кај Пролет. Охриѓани против составот на Александар Јовиќ ќе атакуваат на четврти триумф во разигрувањето за титулата, додека Пролет ќе ја брка втората победа.
Екипата на Бутел Скопје ќе гостува во Струга кај истоимената екипа и ќе се обиде да ги освои првите бодови во вториот дел од сезоната. Струга, исто како и скопскиот тим, ќе атакува на првата победа во плеј-оф фазата.
Непоразениот тим во плеј-аутот – Прилеп ќе му гостува на Куманово и со евентуален триумф ќе биде на добар пат да обезбеди опстанок. Вардар Неготино пред својата публика ќе го пречека тимот на Голден Арт.
Целото внимание кај прволигашите ќе биде насочено на дерби дуелот од плеј-офот меѓу екипите на Радовиш и Бисинов. Двете екипи се меѓу фаворитите за освојување на првите две места на табелата во прволигашкиот плеј-оф.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
11:00 КУМАНОВО – ШАМПИОН (ЖЕНСКА ЛИГА)
12:00 МЕТАЛУРГ РА – МЛАДОСТ (ПРВА ЛИГА)
13:00 ПАРТИЗАН- БОРЕЦ (ПРВА ЛИГА)
13:30 СТРУГА – БУТЕЛ (СУПЕР ЛИГА)
14:00 ЧАИР – СТРУЖАНКА (ЖЕНСКА ЛИГА)
14:30 ОВЧЕ ПОЛЕ – КИЧЕВО (ПРВА ЛИГА)
17:00 КУМАНОВО – ПРИЛЕП (СУПЕР ЛИГА)
18:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – ГОЛДЕН АРТ (СУПЕР ЛИГА)
18:30 ПРОЛЕТ – ОХРИД (СУПЕР ЛИГА)
18:30 РАДОВИШ – БИСИНОВ (ПРВА ЛИГА)
19:00 ДЕСПИНА – СПАРТАК (ЖЕНСКА ЛИГА)
19:30 ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (СУПЕР ЛИГА)
20:00 МАКЕДОНИЈА ЃП – ШАМПИОН (ПРВА ЛИГА)
20:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ВАРДАР (ЖЕНСКА ЛИГА)