Охрид е местото каде актуелниот ракометен вицепрвак на Македонија беше комплетно надигран, и разбиен уште во првото полувреме, а домаќините со триумфот 30-26 (16-9) најавија дека сезонава ќе бидат „жежок терен“ и сериозен ривал.
Тренерот Стевче Алушовски за неколку месеци го „скоцка“ тимот, и направи екипа која сега има отворен пат да се замеша дури и за борба за титулата. Има уште доста за играње, но пролетниот дел од сезоната покажа дека „Билјанини Извори“ ќе биде терен каде царува Охрид.
Со овој триумф Охрид се искачи на третото место на табелата со 11 бода, еден помалку од тимот што сега го победи, и три помалку од Еурофарм Пелистер. До крај на сезоната остануваат уште 10 кола з аиграње.
„Охрид сезонава има конкуренетн тим и може со сите да се надигрува. Денеска одигравме машки, добро подготвени за се што ќе игра ривалот. Им честитам на гостите за бореноста. Ние игравме европски, модерно, со добра транзиција и трчање. Момците изгинаа на терен. На вистинскми пат сме да ја оствариме целта да бидеме меѓу првите четири места и да избориме место во европските купови, изјави Стефче Алушовски, тренерот на Охрид.
Ги имаше Охрид расположените Даниел Ѓорѓески кој на голот одбрани 14 упатени топки, и Словенецот Гал Цирар кој исто така постигна 14 гола. Најважно од се, е што Охрид играше одлично во одбрана.
„Доколку сакате да бидете во Топ-4 морате да победувате и дома и на гости. Колку ќе победуваме посилни толку ќе бидете поблиску до целта. Клучно вечерва беше играта во одбрана и нашиот голман. Таа разлика што ја напрвиме во првиот дел беше потоа клучна. Убаво кога има полна сала, кога има спортска атмосфера. Сите тие беа на висина на задачата и посакувам во иднина уште пополна да биде, порача Алушовски.
Во следното коло Охрид гостува кај Пролет во Скопје.
Охрид во игра и за титула – му го зема скалпот на вицешампионот!
Шоу покрај езерото – Ѓорѓески „кажа стоп“, Цирар го наполни голот на вицепрвакот до врв