Куманово победнички низ Скопје – Голден Арт останува без триумф пролетва

Ракометарите на Куманово направија нов подвиг и гостински „брејк“ победувајќи во Скопје со 27-24 против Голден Арт. Со овој триумф тимот предводен од Љубиша Димковски се искачи на второто место на табелата во плејоф фазата. Во прилог на кумановци одеше и поразот на Еурофарм Пелистер 2, па така Куманово сега на табелата е зад лидерот Прилеп кој има 14 бода, шетири повеќе од Куманово.

На гостите им требаа 17 минути да стигнат до позиција да бидат во водство кое потоа не го испуштија до крај. Највисоките пет гола предност ги имаа во второто полувреме (21-16, 22-17, 23-18) и успеаја да ги зачуваат.

Бодовите за Куманово се значајни за опстанок во Супер лигата, и да се оправдаат засилувањата што се донесоа, а Голден Арт останува во зоната з аиспаѓање и му претстои голема борба да остане во елитаа.

Можеше во самиот финиш од средбата да има и драма, па дури и пресврт. Голден Арт иако имаше негатива од пет гола во 56 минута дојде на само „минус 1“ (22-23). Тогаш голманот Петар Виларов од својот гол ја погоди празната мрежа на противникот. И пак домашните имаа „минус 1“ кога Петар Стојаноски намали на 23-24 во 57 минута.

Наместо пресврт, Куманово ги скористи шансите и промашувањата на домашните, па покрај зголемувањето на 25-23 отидоа на 26-23. Веќе беше се решено околу победникот на средбата.

Наум Костов со 9 гола беше најпревизен на средбата и кај Куманово, а пет гола ги постигна од линијата за седум метри. По 6 гола дадао Огњен Радојикиќ и Михајло Стевовиќ. Во тимот на Голден Арт, најпрецизен беше Христијан Милошески со 8 гола.

ТАБЕЛА плејаут

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142