Неготинци победнички се враќаат од Скопје

Ракометарите на Вардар Неготино дојдоа до трета победа во низа во плеј-аут фазата, откако на гостувањето во Скопје против истоимената екипа триумфираа со 30:27.

Неготинци со денешната победа го зголемија бодовното салдо на свое конто, сега имаат девет бодови на табелата и моментално го презедоа второто место во борбата за опстанок.

Тимот предводен од Оливер Димитироски беше рамноправен до средината на првиот дел, потоа по нерешените 4:4 гостите заиграа на посакуваното ниво и во 15 минута дојдоа до плус четири, 9:5.

Вардар Неготино до крајот на полувремето ја подобри реализацијата, како и играта во одбрана, додека домаќините никако не можеа да се доближат на помала негатива.

Гостите  во финишот од првото полувреме водеа со пет до седум гола разлика и немаа поголеми проблеми за да заминат на пауза со плус шест, 16:10.

По предноста на Вардар Неготино од 19:14, домаќините врзаа три гола во низа намалувајќи на 19:17. Во тој момент беше јасно дека Скопје нема лесно да се предаде. Во моментите кога се „кршеше“ резултатот црвен картон поради три исклучувања заработи членот на Вардар Неготино, Велимир Грујовски.

Избраниците на Игор Котевски се консолидираа во последниот дел, влегоа со предност од 26:22 во финишот и не дозволија домаќинот да дојде до помала негатива од два гола. На сум минути пред крајот гостите останаа без уште еден важен ракометар. Црвен картон, исто така поради три исклучувања, заработи Мирослав Митевски, но тоа не ги поремети работите во гостинскиот табор.

Најефикасен во победничката екипа беше Лазар Адамовсиќ со девет погодци. Во домашниот табор прво име беше Дамјан Јакиковски со ист број на погодоци, пет реализации имаше Давор Шокоски.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142