ЅВЕЗДА НА 15. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ТЕОДОРА ГУЛИЦОСКА (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Ракометарката на Металург Автокоманда, Теодора Гулицоска, го доби признанието за најкорисен играч, односно ѕвезда на 15. коло во Женската лига.

За Гулицоска ова е прво МВП признание во тековната сезона, додека за Металург Автокоманда трето.

Гулицоска во 15. коло со 10 погодоци го предводеше новакот до убедлива победа над Деспина.

Стружанката доби околу 49% од гласовите на читателите на 24Ракомет, додека второпласираната Сара Богојеска од Куманово имаше 44%.

Во конкуренција за ѕвезда на 15. коло беше и ракометарката на Вардар, десното крило Ивона Трпевска.