Машката кадетска репрезентација на Македонија вчера ги дозна ривалите за групната фаза на Европското првенство 2024.
Македонија, која преку квалификациите со Швајцарија, Словачка и Косово обезбеди место на кадетскиот континентален собир, доби тешка група.
Кадетите ќе играат во групата Б против Полска, Германија и Франција, а само првопласираната продолжува во главната рунда, како и најдобрите две од шесте второпласирани селекции.
Селекторот Наум Танески е свесен за силата на ривалите, па затоа со своите избраници ќе се подготвуваат максимално за да можат да имаат забележителен настап.
,,Добивме една силна група, доста квалитетни противници. Во друштво сме со Германија, Франција и Полска, се работи за ракометни велесили и нема што да загубиме на ЕП. Ќе треба да се подготвиме добро и со еден добар пристап и максимално залагање од сите нас да се обидеме да се претставиме во најдобро светло и да го дадеме нашиот максимум на сите три дуели од групната фаза”, изјави Танески.
Европското првенство за кадети ќе се игра во Подгорица од 7 до 18 август претстојното лето.
Кадетите ги дознаа ривалите – ќе играат против велесилите Германија и Франција на ЕП!