Хрватскиот репрезентативец Лука Степанчиќ би можел на лето да се пресели во полскиот шампион Келце, пишува „RTHandball“.
Тимот предводен од Талант Душебаев го потпиша Унгарецот Доминик Мате на таа позиција, но тој во меѓувреме се повреди и ќе отсуствува долго.
Договорот најверојатно ќе биде раскинат, а Келце во Степанчиќ гледа играч што може да го менува Алекс Душебаев кога ќе биде на клупа.
Талант Душебаев сезонава го има и Павел Пачковски на таа позиција, но го користи повеќе во дефанзива или како десно крило како замена за Морито.
Степанчиќ во моментов е член на ПИК Сегед, а претходно беше дел од Загреб и ПСЖ.