Иако требаше тоа да се случи по завршувањето на тековната сезона, сепак се случи неколку месеци пред планираното.
Енди Шмид ќе ја води машката репрезентација во следните четири и пол години, откако тој реши по ЕП 2024 да стави крај на играчката кариера.
Тој заврши со играњето во Криенс Луцерн и во националниот тим на Швајцарија, но откако федерацијата се раздели со досегашниот селектор Сутер, од денеска официјално Шмид е негов заменик.
Шмид ќе ја води Швајцарија на пријателските средби со светскиот првак Данска во март, додека ќе седи на клупата и за бараж двомечот против Словенија за место на СП 2025 во мај.