Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска го играат натпреварот од 12 коло во елитната Лига на шампиони.
Избраниците на Бранко Ангеловски ќе се соочат со гигантот Кил, кој се бори за директно место во четвртфиналето.
Пелистерци утринава го одработија последниот тренинг пред соочувањето со „зебрите“ и подготвени ќе го дочекаат натпреварот.
Дуелот меѓу Кил и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Вундерино Арена“ со почеток во 18:45 часот.