Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го очекува натпреварот од 12 рунда во Лигата на шампионите против бундеслигашот Кил.
Десниот бек Харалд Рајнкинд повикува на претпазливост и вели дека мечот со пелистерци е едно од трите финалиња за „зебрите“ до крајот.
„За нас, натпреварот против Еурофарм Пелистер е едно од трите финалиња до крајот на групната фаза. Сакаме директно да се пласираме во четвртфиналето, а победа над Еурофарм Пелистер ќе биде многу важна за исполнување на целта. Знаеме дека Еурофарм Пелистер е посилен од тоа што го покажува табелата и ќе игра без притисок. Тоа ги прави опасен ривал, мора да бидеме максимално фокусирани против нив“, изјави Рајнкинд.
Натпреварот меѓу Кил и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Вундерино Арена“ со почеток во 18:45 часот.