Не е толку страшна ситуацијата со Додиќ – се враќа на терен за дваесетина дена!

Српскиот репрезентативец Стефан Додиќ, кој ракометниот пат го започна во Македонија и го трасираше преку Металург, Охрид и Вардар, до Целје и Загреб, се враќа на терените за дваесетина дена.

Иако пред две недели, тренерот на неговиот актуелен клуб Војводина, Борис Ројевиќ, откри дека Додиќ „преку ноќ“ загубил дел од мускулот, но и најави дека неговата кариера е доведена во опасност.

Сепак според пишувањата на „Моцарт Спорт“, не се работи за сериозен проблем и српскиот среден бек ќе се врати за најважниот дел од сезоната.

Војводина е пред елиминација од Лигата на Европа, иако има уште две кола од главната рунда, но сепак ќе биде многу тешко поради многуте повредени ракометари за српскиот првак да се надева на место во елиминациите.