Загреб на чекор до елиминациите во ЛШ – го растури Колстад среде Норвешка!

Ракометарите на Загреб се на чекор од место во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако славеа на гостите кај Колстад со 34-25.

Уште по првиот дел избраниците на Андрија Николиќ покажаа дека се дојдени по два бода, и сега имаат три повеќе од норвешкиот првак на две кола до крајот.

Загреб одигра одлично во првиот дел во кој во еден момент имаше и десет гола предност, 18-8, иако во ростерот ги немаа Срна и Кларица.

Во вториот дел Колстад се обиде да се доближи, намали еднаш на минус пет, но Загреб го доврши мечот без премногу проблеми.

Кај Загреб се истакнаа Куни Моралес и Милош Кос со по пет гола, додека Матиц Сухолежник и Тимур Дибиров дадоа по четири, а голманот Мандиќ имаше 11 одбрани.

Во составот на Колстад, Симен Лисе имаше шест гола, а првата ѕвезда Сандер Сагосен даде три погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123