Алжирскиот голман Калифа Гедбан по само една сезона заминува од македонскиот првак Еурофарм Пелистер.
Тоj потпиша за бундеслигашот Ерланген чиj гол ќе го брани од претстојното лето и ќе настапува во најсилната лига.
„Долго време го следиме Гедбан и задоволни сме што успеавме да се договориме. Тоj има импресивни физички карактеристики и сигурни сме дека ќе ни биде од голема помош. Неговото меѓународно искуство несомнено ќе ни помогне и убеден сум дека тој ќе биде големо засилување за нашиот тим“, изјавиja од Ерланген.
Гедбан во Битола доjде од Динамо Букурешт, а претходно со успех бранеше за Вардар и Адемар Леон.
Со „црвено-црниот“ тим се искачи на врвот на Европа, кога во Келн во 2019 година беше дел од тимот што славеше против Барселона и Веспрем.