Момир Илиќ го одби РСС – не го сака жешкото селекторско столче во Србија

|
12:43

Актуелниот тренер на Веспрем, Момир Илиќ, ја одби понудата на Ракометниот Сојуз на Србија за селекторската позиција.

Според пишувањата на „Журнал“, по Љубомир Врањеш, втор кој не сака да ја преземе репрезентацијата е Илиќ.

Тој имал состанок со претседателката на РСС, Милена Делиќ, побарал неколку дена да размисли, но решил дека таков предизвик во моментов не му треба.

Србија ја чека тежок предизвик во бараж квалификациите за СП 2025 година и ќе се соочи со Шпанија, а РСС е во потрага на наследник на Тони Херона.

Илиќ ќе се посвети само на Веспрем, со кој брка директно место во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Браќата Илиевски со нов евро-предизвик

Автор: Душко Андов
| 21 ноември 2024
15:33

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите во третото коло од Европскиот Куп во машка конкуренција.

Браќата Методија и Михајло Илиевски добија ново делегирање од ЕХФ и ќе патуваат во Хрватска.

Тие ќе бидат арбитри на првиот натпревар меѓу хрватскиот Пореч и словенечката Крка Нова Место.

Овој натпревар се игра на 23 ноември во салата „Вели Јоже“ во Пореч со почеток во 18:00 часот.

Познати групите во Лигата на Европа – Германија има четири тима

Автор: Душко Андов
| 21 ноември 2024
12:30

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беше извршена ждрепката за групната фаза во Лигата на Европа. Меѓу 16 учесници ќе има екипи од осум држави, а најмногу – дури четири претставници, има Германија.

Норвешка има три екипи, Шпанија, Романија и Франција по два, додека Данска, Полска и Унгарија имаат по еден тим во групите.

Во групата А ќе играат романската Дунареа Браила и германскиот Турингер, кои минатата сезона играа во четвртфиналето. Покрај нив во оваа група се шпанскиот Елче и некогашниот европски првак Ларвик.

Групата Б се чини дека е најсилна со данскиот Икаст, победникот во ЛЕ во 2023 година, потоа норвешката Сола, германската Борусија Дортмунд и романската Валчеа.

По шесте одиграни кола во Лигата на Европа, прво и второпласираните екипи ќе обезбедат место во четвртфиналето, а групната фаза почнува на 11/12 јануари.

ЕХФ за Младеновска: Таа е најголемиот македонски талент во последната деценија

Автор: Влатко Мирчески
| 21 ноември 2024
18:30

До почетокот на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија, преостануваат уште седум дена.

Меѓу 24-те учеснички на Европското првенство ќе биде и Македонија, која во Дебрецин ќе игра во група со Шведска, Унгарија и Турција.

Европските првенства секогаш биле отскочна даска за младите таленти, а ЕХФ пред стартот на континенталниот собир ги издвои најголемите седум таленти кои ќе настапат на континенталниот собир.

Една од нив е репрезентативката на Македонија, 17-годишната Ива Младеновска. Екс ракометарката на Металург, моментално, настапува за францускиот Брест Бретањ.

За големата надеж на македонскиот ракомет ова ќе биде второ учество на едно големо натпреварување, првото го имаше на Европското првенство 2022, на кое Македонија беше еден од ко-организаторите.

,,Десниот бек Младеновска иако има само 17 години, сепак, ќе се радува на своето второ учество на Европското првенство, откако во 2022 на само 15 години го имаше дебитанскиот настап. Не е за изненадување што таа беше дел од Европското првенство 2022, бидејќи Младеновска важи за еден од најголемите таленти откриени во македонскиот ракомет во последната деценија”, пишува ЕХФ.

Освен Младеновска, ЕХФ ги издвои и Јана Мутин (Фарски Острови), Миа Еменегер (Швајцарија), Виола Лехтер (Германија), Лусијана Ребело (Португлија), Петра Симон (Унгарија) и Лена Грандво (Франција).

Гудмундсон: Сакавме да победиме, ќе бидеме уште подобри во иднина

Автор: Душко Андов
| 20 ноември 2024
22:49

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција заврши реми, 29-29, иако и двете екипи имаа шанси да постигнат победнички погодок.

Тренерот на данскиот тим Гудмундур Гудмундсон, генерално е задоволен од изданието на неговите избраници.

„Беше многу тежок меч, како што очекувавме. Среќен сум поради нашата игра, игравме добро во првиот дел, бевме уште подобри на стартот на вториот дел, имавме ширина и генерално сум задоволен од изданието. Ние сме нов тим во Лигата на шампионите, освоивме бод, ќе бидеме уште подобри во иднина“, вели Гудмундсон.

Беккот Мадс Андерсен вели дека тој и неговите соиграчи правеле грешки во клучни моменти.

„Беше тежок натпревар со многу емоции, се обидовме да го дадеме најдоброто од себе, можеби направивме некои грешки во клучни моменти, губевме два разлика, направивме пресврт, имавме шанса за победа, но на крајот задоволни сме од освоениот бод.

Екс пелистерецот Реине Табода вели дека мора да бидат задоволни со освоениот бод.

,,Атмосферата беше прекрасна, многу добра атмосфера, мораме да биде задоволни со еден поен, на крајот успеавме да одиграме нерешени, така што мора да бидеме задоволни со еден поен”.

Следен предизвик за Фредериција ќе биде гостувањето кај полскиот првак Висла Плоцк.

🔴ВО ЖИВО🔴 Валур – Вардар, Текстилец – Скопје

Автор: Душко Андов
| 19 ноември 2024
18:25

Гледајте ВО ЖИВО, Валур – Вардар, ТУКА