Тимот на Штокерау, каде што брани македонската интернационалка Матеја Серафимова, обезбеди место во полуфиналето на Купот на Австрија.
Штокерау славеше на гостински терен кај составот на Дорнбирн со 30-28, откако и на полувремето имаше плус пет, 17-12.
Македонската голманка беше меѓу најзаслужните за оваа победа што го однесе Штокерау меѓу најдобрите четири екипи.
Покрај тимот на Серафимова, во ТОП 4 се пласираа и Хипо, Ацгерсдорф и Тулин, кои се можни ривали на Штокерау.
Штокерау го има освоено трофејот во Купот на Австрија во 2018 година, додека последните три трофеи завршија во витрините на некогашниот европски првак Хипо.