Гисласон ја доби(ва) довербата – ќе ја води Германија до 2027 година

Исландскиот стратег Алфред Гисласон, многу веројатно, ќе продолжи да ја извршува селекторската функција во Германија.

Тој го поднесе својот извештај за настапот на ЕП 2024 до УО на германската федерација, а според пишувањата на „Handball World“ членовите на УО гласале за продолжување на соработката со Гисласон.

Исланаѓанецот ќе добие понуда за нов договор до 2027 година и прва задача ќе му биде да ја однесе Германија на Олимписките игри во Париз.

Иако имаше шпекулации дека Дагур Сигурдсон ќе се врати на клупата на Германија, сепак нема ништо од тоа и германската федерацијата веројатно набргу ќе го официјализира продолжувањето на договорот со Гисласон.