Ракометарките на Скопје победнички го стартуваа пролетниот дел од Женската лига, откако на домашен терен славеа против Астибо со 37-22.
Како и на многу натпревари од оваа конкуренција, така и овој беше решен уште по првото полувреме кога избраничките на Андријана Будимир водеа со 21-12.
Вториот дел беше само формално одработување на задачата, шанса за настап добија сите ракометарки и немаше никакви проблеми да се одржи предноста.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Стефани Ристиќ и Јана Равојска со по осум гола, додека во штипскиот тим најдобра беше Марија Анчева со 14 погодоци.
Во следното коло Скопје ќе му гостува на Вардар, додека Астибо во Штип ќе го пречека Овче Поле СУ.