Тимот на Макаби Ришон Ле Зион, каде брани македонскиот интернационалец Градимир Чаневски, им се врати на победите во Израел.
Макаби Ришон славеше со 33-30 против Макаби Тел Авив во натпревар од трета рунда од плеј-офот.
Чаневски имаше минутажа на голот на израелскиот шампион и успеа да запре 11 удари на противничките ракометари.
Макаби Ришон Ле Зион по 14 одиграни меча се наоѓа на второто место на табелата со 23 бода, а во следното коло ќе игра дома со Хапоел Ашдод.