Стартува пролетниот дел кај дамите, дербито на колото е во недела

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Астибо ќе започне вториот дел од сезоната во Женската лига.

На утрешната програма ќе се одиграат речиси сите дуели од 14. коло, додека во недела ќе има само еден натпревар.

Тоа ќе биде дерби дуелот во Чаир каде што истоимената екипа ќе биде домаќин на Вардар.

Чаир првиот дел од сезоната го заврши како второпласиран со 34 бодови, додека Вардар пролетниот дел ќе го започне од 5. позиција со 28 бодови.

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Ѓорче Петров, ќе биде домаќин на Пелистер, кој ќе биде предводен од новиот тренер Адријано Котевски.

Ѓорчепетровки се големи фаворити на овој дуел и се очекува без проблем да запишат нови бодови на свое конто.

Металург Автокоманда во 14. коло за ривал ја има екипата на Спартак, тимот на Куманово на свој терен ја пречекува „фенерџијата“ Гевгелија, Деспина пред својата публика ќе бара бодови против Стружанка, додека интересен дуел се очекува во Свети Николе меѓу Овче Поле СУ и Шампион.

Женска лига, 14. коло, распоред:

17/02, 13:00, Скопје – Астибо
17/02, 14:00, Куманово – Гевгелија
17/02, 15:30, Овче Поле СУ – Шампион
17/02, 18:00, Ѓорче Петров – Пелистер
17/02, 18:00, Спартак – Металург Автокоманда
17/02, 19:00, Деспина – Стружанка
18/02, 14:00, Чаир – Вардар

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080