Тимот на Стинта Букурешт, каде што игра македонската репрезентативка Леонида Гичевска, беше елиминиран од Купот на Романија.
Во рамките на осминафиналето, Гичевска и нејзиниот тим загубија дома од незгодниот Залау со 32-28.
Македонската репрезентативка со три гола од три обиди беше меѓу подобрите во домашниот тим.
Слатина на Јована Саздовска и Јована Мицевска во текот на утрешниот ден ќе го одигра својот натпревар против Дачиа Миовени.