Тимот на Металург РА донесе шест нови ракометари пред стартот на прволигашкиот плеј-оф и битката за место во Супер лигата.
Во клубот се вратија двајца ракометари кои веќе го носеа дресот на Металург РА – десното крило Димитар Ристовски и левото крило Филип Фидановски.
На Металург РА му се приклучи и Драган Стефков од Голден Арт, како и левиот бек кој е специјализиран за играта во дефанзива, Христијан Крстаноски.
Искусниот кружен напаѓач Марјан Сарашов доаѓа во Автокоманда од екипата на Текстилец, а во Металург РА ќе игра и Пане Арсов, кој доаѓа од Тиквеш.
Металург РА ќе ја започне битката за камбек во елитната конкуренција на 2 март со натпревар против Радовиш.