Белорускиот првак Мешков Брест иако не е дел од натпреварувањата на ЕХФ, сепак има големи амбиции во СЕХА лигата и во домашното првенство.
Трет нов ракометар во тимот предводен од екс вардаровиот стратег Едуард Кокшаров е црногорскиот репрезентативец Арсеније Драгашевиќ.
Левиот бек досега беше дел од швајцарскиот Винтертур, каде беше еден од најдобрите стрелци, а претходно настапуваше за матичниот Рудар и словенечкиот Целје.
Драшевиќ ќе формира одлична тројка на левата бековска позиција со Александар Шкуринскиј и Хлеб Харбуз.
Претходно Мешков Брест го врати голманот Иван Мацкевич, кој беше член на грчкиот АЕК Атина, а го донесе и египетскиот десен бек Јусуф Ахмед Хасан.
Мешков Брест годинава нема сериозен ривал во домашниот шампионат, бидејќи СКА Минск е ослабен, додека во СЕХА лигата -дивизија Исток обезбеди четвртфинале.