На денешната ракометна програма ќе има четири дуели во рамки од 11. коло од Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Македонскиот репрезентативец Никола Митревски заедно со екипата на Порто на свој терен ќе го пречекаат унгарскиот гигант Веспрем.
Порто првиот дел од сезоната во најквалитетното европско натпреварување го заврши со биланс од три победи и седум порази, но сѐ уште има шанса за пласман во осминафиналето.
Во групата А, во која се наоѓа и актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, денеска ќе играат Алборг со Загреб, односно ПИК Сегед и Колстад.
Два натпревари ќе има во Бундес лигата, а ќе се игра во Русија, БиХ, Романија, Швајцарија, Исланд…
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 СТАВРОПОЛ – ЗВЕНИГОРОД (РУСИЈА)
17:00 ЛУЧ – АГУ АДИФ (РУСИЈА)
17:00 ВАСЛИУ – ЧСМ (РОМАНИЈА)
18:00 КИШВАРДА – ВАЦ (УНГАРИЈА)
18:45 AЛБОРГ – ЗАГРЕБ (ЛШ)
18:45 СЕГЕД – КОЛСТАД (ЛШ)
19:00 ГЕПИНГЕН – АЈЗЕНАХ (ЛШ)
19:00 ВЕЦЛАР – БАЛИНГЕН (БУНДЕС)
19:00 ВОГОШЧА – ЧАПЉИНА (БИХ)
19:15 БЕРН – СЕНТ ГАЛЕН (ШВАЈЦАРИЈА)
20:30 АФТУРЕЛДИНГ – СТЈАРНАН (ИСЛАНД)
20:30 ВОЛЕНДАМ – ВЕНЛО (ХОЛАНДИЈА)
20:45 МАГДЕБУРГ – ВИСЛА (ЛШ)
20:45 ПОРТО – ВЕСПРЕМ (ЛШ)