Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 11 коло во Лигата на шампионите во машка конкуренција.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе го пречека францускиот ПСЖ на 14 февруари, а судиите доаѓаат од Чешка.
Станува збор за Вацлав Хорачек и Јири Новотни, кои беа во центарот на вниманието по грешките на средбата меѓу Шведска и Данска на Европското првенство во Германија.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ ќе се игра на 14 февруари во „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:45 часот.