Тимот на Металург Автокоманда се пофали со ангажманот на нова голманка во екипата, Јована Трајковска.
Трајковска беше дел од шампионот Ѓорче Петров, но немаше голема минутажа покрај Слободанка Кицеска и Матеа Чурлиновска.
Во Металург Автокоманда ќе формира трио со Aмра Терзиќ и Леа Христоска, кои го бранеа голот во есенскиот дел од сезоната во Женската лига.
Пролетниот дел ќе стартува на 17/18 февруари, а Металург Автокоманда во 14 коло ќе гостува кај Спартак.