Не е Шола, туку Бабиќ: Екс тренерот на пелистерци ќе го води Олимпијакос!

Иако грчките медиуми го најавија Владо Шола како нов предводник на Олимпијакос, сепак нема да има ништо од тоа.

Според информациите на 24Ракомет, Олимијакос ќе го води некогашниот стратег на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ.

Тој доаѓа на местото на Никос Граматикос, кој ја прекина соработката со Олимпијакос по поразот од АЕК Атина во осминафиналето на Купот.

Прв предизвик за Бабиќ ќе биде дербито со АЕК Атина од првенството веќе викендов, а потоа го очекува и двомечот од осминафиналето на Европскиот Куп против италијанскиот Бриксен.

Покрај во Еурофарм Пелистер, Бабиќ работеше во белорускиот Мешков Брест, словенечките Горење Велење и Кршко, како и во хрватските Сплит, Метковиќ, Балиќ-Метличиќ и Подравка, а беше и на клупата на Хрватска.