Тимот на Војводина по трофејот во Купот на Србија и шампионската титула во првенството, очекувано го освои и трофејот во Супер Купот.
Избраниците на Борис Ројевиќ славеа против Динамо Панчев со десет погодоци разлика, 32-22, откако и на полувремето водеа со 15-9.
За Војводина ова е само старт на напорниот период во следните неколку недели, кога ги чекаа дуелите од Купот на Србија и првенствената дерби средба со Партизан, како и дуелите од Лигата на Европа со Кадетен и Фленсбург.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Стефан Сунајко со седум погодоци, а за МВП на мечот беше прогласен Вукашин Воркапиќ.