Австриската федерација го назначи наследникот на Херберт Милер на кормилото на женската федерација.
Нова предводничка на Австрија ќе биде Моник Тијстерман, која има големи заслуги за напредокот наженскиот холандски ракомет.
Тијстерман потпиша договор до април 2025 година и ќе ја води Австрија на домашното Европско првенство кон крајот на оваа година.
Како предводничка на кадетската и младинската селекција на Холандија освои две сребра и две бронзи на ЕП односно СП.
Австрија е дел од ЕХФ Евро Купот со Унгарија, Швајцарија и Норвешка, а главен фокус ќе биде домашното ЕП во декември.