Ривалот на македонскиот првак Ѓорче Петров во Европскиот Куп, шпанскиот Елче, го закажа првиот меч од четвртфиналето.
Tој ќе се игра на 10 март со почеток во 12:30 часот во салата „Есперанца Лаг“ во Елче, термин што е вообичаен кога се работи за Шпанија.
Но и Ѓорче Петров на некои гостински натпревари во Македонија во Женската лига играше во сличен термин, па тоа нема да биде проблем за избраничките на Симе Симовски.
Елче досега пет пати играше на домашен терен оваа сезона во Европа и на сите средби победи – два пати против бугарската Бјала, два пати против грчкиот Јонијас и еднаш против португалската Мадеира. Само еднаш има играно на гости, кај Мадеира и таму загуби.
Реваншот на кој ќе се брка место во полуфиналето на Европскиот Куп ќе се игра во Автокоманда на 16 или 17 март, но терминот допрва ќе биде потврден.