Неготинци триумфално против Младост

Тимот на Вардар Неготино со победа ги заврши подготовките за плеј-аутот и битките за опстанок во елитната конкуренција.

Избраниците на Игор Котевски славеа на гостувањето кај Младост Богданци со 32-25, иако на полувреме домашните водеа со плус два, 15-13.

Богданчани во првиот дел играа одлично имаа и плус четири, но поискусниот гостински состав во второто полувреме ја презема контрола и на крај славеше убедливо.

Преводник на неготинци беше Митевски со 11 погодоци, а по пет дадоа Орешков и Кузманов, додека кај Младост Богданци се истакнаа Каркалашев со шест и Чрчев со четири погодоци.

Неготинци од следниот викенд ги очекува битка за опстанок во Супер лигата, додека богданчани од првиот викенд во март ќе започнат со прволигашкиот плеј-оф и борбата за елита.