Полскиот шампион Келце преку социјалните мрежи информираше дека францускиот репрезентативец Беноа Конку е отстранет од тимот. Така ќе биде сѐ додека не се затвори, односно разветли истрагата против него.
За потсетување, против Конку е отворена истрага за обид за силување, десното крило најпрво беше во притвор, па потоа обвинителството во Париз одлучи ракометарот да се брани од слобода.
Поранешното десно крило на ПСЖ со репрезентацијата на Франција во неделата стана шампион на Европското првенство 2024 кое се одржуваше во Германија.
Доцна во ноќта од понеделникот кон вторникот, францускиот интернационалец во пијана состојба се обидел сексуално да нападне млада девојка.
26-годишниот ракометар наводно, бил фатен од обезбедувањето на клубот додека не дојде полицијата. Потоа бил ставен во полициски притвор, за да биде испрашуван од инспекторите и да биде отворена истрага.
Полициската истрага продолжува, а Конку ќе остане во Париз до расветлување на случајот.