Норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен го продолжи актуелниот договор со шампионот Колстад.
И покрај тоа што се споменуваше негово заминување поради финансиските проблеми на норвешкиот шампион, сепак нема ништо од тоа.
Левиот бек не игра во најдобра форма, но и покрај тоа Колстад гледа лидер во него и реши да му понуди нова соработка.
Сагосен ќе остане во Колстад најмалку до 2027 година, а претходно и тренерот Кристијан Берге се обврза на ист таков договор.
Се очекува наскоро договорот да го продолжи и Магнус Гулеруд, а единствено заминување веројатно ќе биде на она на Магнус Род во ПИК Сегед.