Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од четвртата рунда во Лигата на Европа во женска конкуренција.
Методија и Михајло Илиевски се делегирани на натпреварот што ќе се одигра во Таргу Жиу, меѓу истоимениот романски тим и норвешката Сола.
Овој натпревар е на програмата на 3 февруари од 16:00 часот, а делегат ќе биде Бранка Мариќ од Србија.
Откако отсудија голем број натпревари на ЕХФ шампионатите во младинските конкуренции, и во Европскиот Куп кај дамите и мажите, битолчаните добиваат шанса во групната фаза од второто по ранг европско клупско натпреварување.