Репрезентацијата на Шпанија имаше лош настап на Европското првенство во Германија и беше елиминирана уште во групната фаза.
Шпанија за ривал во баражот за пласман на Мундијалот следната година ја доби Србија, која исто така имаше неуспешен настап на континенталниот собир.
Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, на Србија гледа како ривал по мерка и полесна шанса за пласман на Светското првенство 2025.
,,Не мора се да се менува поради еден лош резултат. Со оглед на среќата во последно време, го очекував најлошото во ждрепката, но сепак, ждрепката е секогаш многу насочена, секогаш некои репрезентации профитираат, други страдаат. Не можеш да зборуваш за правда или неправда затоа што ти сам ги создаваш резултати”, изјави Рибера.
Искусниот стратег со неговите избраници преку квалификации ќе бркаат и пласман на Олимписките игри во Париз.