Шпанскиот стратег Чави Пасквал не е повеќе селектор на машката репрезентација на Романија, беше соопштено денеска на прес-конференција.
По слабиот настап на Европското првенство, каде Романија загуби од Шпанија, Хрватска и Австрија, Пасквал го заврши вториот мандат на романската клупа.
Негов наследник ќе биде Георге Буричеа, поранешен репрезентативец на Романија, а сега успешен стратег на Констанца.
44-годишниот Буричеа ќе има за многу кратко време голем предизвик – бараж двомечот со Чешка за место на СП 2025 година.
Пасквал имаше договор до летото 2024 година, но нема да ги одработи последните неколку месеци.
Без оглед на заминувањето од романската клупа, Пасквал ќе продолжи да ја извршува тренерската функција во шампионот Динамо Букурешт.