По неколку месеци пауза, српскиот репрезентативец Стефан Додиќ, се врати на ракометните терени.
Иако сезоната ја почна во словенечкиот Целје, каде не се изнаигра, Додиќ се врати во татковината и за првпат минатиот викенд го облече дресот на шампионот Војводина.
Тој беше дел од натпреварите против Охрид во полуфиналето, како и против Црвена Ѕвезда во финалето на турнирот „Драго Јововиќ“ во Врбас.
Додиќ ја доби довербата од тренерот Борис Ројевиќ и на крајот на турнирот беше избран за најдобар играч, односно МВП.
Српскиот среден бек својата афирмација ја стекна во тимот на Металург, играше за Охрид и за Вардар, пред да замине во Загреб.